македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size Facebook logo

Долготрајни визи за семејно спојување

Време за обработка
Долготрајната виза за семејно спојување се обработува во рок од 90 – 120 дена од датумот кога Амбасадата на Република Чешка ќе ја добие комплетната (!) документација

Потребни документи

Attention

Attention

ВАЖНО

(!) непотполни барања нема да се прифатат и ќе му се вратат на барателот

(!) сите документи мора да се поднесат на чешки јазик (освен пасошот, документите што не се изворно изготвени на чешки јазик, ќе мора да бидат придружени со судски превод на чешки јазик од страна на чешки преведувач/толкувач)

(!) сите документи мораат да се приложат во оригинал или копија заверена на нотар И една (незаверена) копија на сите документи (т.е. мора да се приложат два комплети документи)

(!) сите документи (освен пасошот) не смеат да бидат постари од 180 дена

 

ВЕ МОЛИМЕ ПРИЛОЖЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ ВО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД

1. Целосно пополнет формулар (формулар за долготрајна виза)

- формуларот мора да е целосно пополнет пред доаѓање во Амбасадата со пенкало или испечатено.

- мора да се залепи фотографија на соодветното место во горниот десен агол на првата страна на формуларот

- не заборавајте да го потпишете формуларот во делот „Applicant´s Signature” на страна 5 и на истата страна наведете ја вашата домашна адреса, телефонскиот број и имејл адресата за комуникација со вас. За малолетни лица до 15 години, се потпишуваат родителите/старателите на лицето, малолетни лица меѓу 15 и 18 години се потпишуваат на формуларот заедно со нивните родители/старатели.

- кодот што се наведува во формуларот треба да одговара на списокот: Country codes - Ministerstvo vnitra České republiky (mvcr.cz) поточно за Република Северна Македонија (MKD), за Република Косово (XXK)

2. копија од пополнетиот формулар


3. Две фотографии –

- фотографиите мораат да бидат исти, скорешни, со димензии 3,5 на 4,5 см – мора да се гледа целото лице на бела позадина и испечатена со добар квалитет на квалитетна фотографска хартија, направена во фотографско студио; не печатете самостојно фотографии, во спротивно ќе ви биде вратено барањето како неприфатливо (!)

- една фотографија мора да биде залепена на формуларот, а другата (со запишано име и презиме на задниот дел) треба да е прикачена со спојувалка на фотокопијата на пасошот (внимавајте да не ја оштетите фотографијата со спојувалката)

 

4. Пасош 

- оригинал (!)

- важноста мора да биде повеќе од 3 месеци од датумот на планираниот престој

- мора да биде издаден во последните 10 години

- мора да содржи барем две празни страни

- пасошот не се задржува за време на обработката на долготрајната виза, но потребно е да се приложи во време на издавање на визата, бидејќи истата се издава на пасошот.

 

5. Две копии од страните на пасошот со лични податоци и адресата

 

6. Документ што ја потврдува целта на престојот

-  врска со барателот (сопружник/дете) со членот на семејството што легално престојува во Република Чешка (сопружник/родител) мора да се докаже со соодветен официјален документ со судски превод на чешки јазик

- оригинал на изводот од матична книга на венчаните (доколку поднесува барање сопружникот) ИЛИ оригинал на изводот од матичната книга на родените (доколку поднесува барање дете) И судски превод на чешки јазик

- документите што не се издадени во Република Чешка доколку е потребно мора да бидат заверени со апостил или суперлегализација

7. една копија од документот кој ја потврдува целта на престојот

 

8. Документ за сместување 

– писмена потврда на сопственикот на станот/куќата со потпис заверен на нотар (кај чешки нотар во Република Чешка) ИЛИ договор за наем/закуп, договор за поднаем, договор за сместување или договор со слична содржина

- мора да се поднесе оригинал или заверена копија на чешки јазик од кој било од наведените документи

 

9. една копија од документите што се поднесуваат како документ за сместување

 

10 . Документ што потврдува дека имате доволно финансиски средства

– потребно е да докажете дека имате доволно финансиски средства за вашиот престој во Република Чешка. што се 15 пати од износот на животниот минимум (во моментов тоа е 3 310 чешки круни) за првиот месец на престојот и двојно од износот на животниот минимум за секој последователен месец.

На премер потребниот минимум за престој од 1 јануари до 30 јуни (6 месеци) пресметката е (15 х 3 310) + (5 х 2 х 3,310) = 46 950 + 33 100 = 80 050 чешки круни (околу 3 200 евра).

- потенцираме дека се прифатливи само тековни или штедни банкарски сметки

Доказите за финансирање на вашиот престој може да се приложат на еден од следните начини:

1) копија од меѓународно призната дебитна или кредитна платежна картичка на име на апликантот И оригинални изводи од банкарска тековна сметка за последните три месеци поврзани со картичката (изводот треба да е оригинално издаден на англиски или ако оригиналот е на друг јазик, потребен е судски превод на чешки јазик)

2) копија заверена на нотар на предната страна на меѓународно важечката дебитна или кредитна картичка на име на барателот И оригинално присмо од банката со кое се потврдува дека барателот има право да ги користи финансиските средства со судски превод на чешки јазик

11. копија од сите документи што потврдуваат доволно финансиски средства

12. Извод од кривична и казнена евиденција од овластен суд на Република Северна Македонија или Република Косово и извод од кривична и казненa евиденција од земјата каде сте престојувале подолго од 6 месеци во текот на последните 3 години или изјава во случај земјата да не издава таков документ.Документот мора да е соодветно заверен (ако е применливо: со Апостил или суперлегализација) и да е судски преведен на чешки јазик.

13такса за виза

- се плаќа исклучиво во готово, во евра

- ве молиме да го имате точниот износ

 

Откако ќе ги подготвите сите документи, ве молиме испратете имејл на адресата skopje.visa@mzv.gov.cz за да ви закажеме термин.

 

Во полето за предмет на имејлот наведете го: Вашето цело име и презиме - Long-term Family Reunification Visa (на пример: “Petar Petrovski – Long-term Family Reunification Visa”).

 

Во пораката, ве молиме наведете:

1/ цело име и презиме на барателот

2/ информации за контакт (имејл, телефонски број, адреса на престој на барателот)

3/ името и врската со лицето со кое барате спојување со семејство и датумите на планираниот престој

 

Ве известуваме дека комуникацијата со Амбасадата се врши на чешки или англиски јазик. Комуникацијата на еден од овие два јазика ќе има предност во одговорите.

Attachments

form_long-term visa 554 KB PDF (Adobe Acrobat document) 26.3.2015