македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Работничка карта

Работничка карта е вид дозвола за долготраен престој во Република Чешка (РЧ). Целта на престојот (подолг од 3 месеци) е вработување. Странски државјанин што има работничка карта, има право:
- да престојува на територијата на Република Чешка и истовремено
- да работи на работното место за кое е издадена работничката карта, или
- да работи на работно место за кое Одделот за азил и миграциска политика при Министерството за внатрешни работи дало дозвола (во врска со промена на работодавецот, менување работни места, работење кај дополнителен работодавец или на дополнително работно место).

Закажување термин за работничкa картa

За да закажете термин, ве молиме испратете имејл на:  skopje.visa@mzv.gov.cz

Термините се закажуваат на 5-тиот ден од секој непарен месец само во 9.00 часот, затоа што работничките карти спаѓаат во квотата одредена од Одредбата на Владата на Република Чешка бр. 220/2019 Зб. согласно измените од Одлуката бр. 233/2021 Зб.

Само првите 17 имејлови се земаат предвид при исполнување на квотата. Заради тоа, барателот мора да го испрати имејлот во точно определеното време и датум за да има можност да влезе во определената квота. Имејлите што се испратени пред датумот и времето не се прифаќаат/не се доделува термин. Редоследот на примените имејлови се обработува од имејл клиентот. Амбасадата нема пристап до определувањето на редоследот на примените имејли. Не е дозволено да се прават групни термини. Имејлите за закажување што имаат активирана функционалност од испраќачот да не може да се испрати одговор од имејл адресата до која се доставуваат ќе бидат исклучени од процесот за закажување.

Секој барател може да испрати само 1 имејл. Ако барателот испрати повеќе од еден имејл во рамки на дадениот рок, истиот ќе биде автоматски исклучен од овој рок, дури и имејлите да бидат испратени од повеќе од една имејл адреса. Известувањето за исклучување ќе биде испратено само на првиот детектиран дуплицитен имејл на барателот. Ако се утврди дека барателот веќе поднесол барање за долготрајна виза/траен престој во претходните месеци и ова барање е уште во тек на решавање, неговиот/нејзиниот имејл исто така ќе биде исклучен од понатамошна обработка и ќе се смета за неважечки.

Можноста да се закажат термини ќе се затвори по пополнувањето на квотата и следната можност да се закажат термини ќе се овозможи на 5-тиот ден од следниот непарен месец.

(На пример: 5.1.2023, 5.3.2023, 5.5.2023, 5.7.2023, 5.9.2023, 5.11.2023)

 

Во полето за предмет на имејл пораката ве молиме напишете: Вашето цело име и презиме - Employee Card (на пример: "Petar Petrovski – Employment Card“).

Во пораката, ве молиме напишете ги:

1/ целото име и презиме на барателот

2/ бројот на слободно работно место за вработување (што ќе го добиете од вашиот работодавец во Република Чешка)

3/ информации за контакт (имејл, телефон, адреса на живеење на барателот)


Поднесување барање за работничка карта

Барањето се поднесува лично. Кон барањето мора да се приложи и следното при поднесување на документите во Амбасадата:

- Ве известуваме дека мора да донесете два комплета на документи – еден комплет на оригинални документи и втор комплет на копии од сите документи, заедно со фотокопија од страните со податоци и адреса на пасошот. Фотокопиите треба да се направени во реална големина на документот.

- Сите поднесени документи на странски јазик мораат да се приложат и во оригиналната верзија и со официјално заверен превод на чешки јазик. Потребните прилози на апликацијата не смеат да се постари од 180 дена, освен пасошот, фотографијата и оригиналната диплома.

1. формулар за апликацијакомплетно и читко пополнет пред да дојдете во Амбасадата

- кодот што се наведува во формуларот треба да одговара на списокот: Country codes - Ministerstvo vnitra České republiky (mvcr.cz) поточно за Република Северна Македонија (MKD), за Република Косово (XXK)

2. важечка патна исправа (пасош) плус две фотокопии од страните со податоците и адресата на пасошот

3. 2 фотографии со големина 3,5 на 4,5 см, на бела позадина, при што ќе се гледа целото лице во полн анфас и лицето ќе зафаќа барем 75% од фотографијата, фотографијата не смее да биде постара од 6 месеци

4. документ што го потврдува сместувањето во Република Чешка

5. такса за виза

6. договор за работа, спогодба за работна дејност (или барем преддоговор за работа каде страните се согласуваат да потпишат договор за работа или спогодба за работна дејност во определен временски рок). Горе-споменатите документи мораат да содржат одредба што определува дека без разлика на видот на работата, договорената месечна плата нема да биде пониска од основната минимална плата и бројот на работните часови во една недела ќе биде најмалку 15 часа

7. документи што ја докажуваат стручната подготвеност за извршување на одредената работа, ако овој услов следува од природата на вработувањето или тоа е утврдено со меѓународен договор, особено

  • - документ што го докажува потребнотно образование (како диплома); во оправдани случаи особено кога постои основан сомнеж за тоа дали го имате соодветното образование или дали вашето образование е соодветно на природата на работата, ќе бидете обврзани на барање на надлежниот орган да докажете и доставите документ што потврдува дека вашето странско образовение е признато од релевантната надлежна служба во РЧ,
  • - документ што ги докажува потребните стручни квалификации, ако тие се бараат согласно правните прописи (на пример за дозвола за работа со виљушкар или соодветна возачка дозвола за возач на трамвај/автобус, итн),
  • - документ што докажува дека ги исполнувате условите за работа во така-наречените „регулирани занимања“, ако вашето барање се однесува на овој вид занимање; ако немате веќе таков документ, ќе мора да поднесете барање до надлежниот орган за признавање (нострификација) на Република Чешка за да се признаат вашите стручни квалификации, откако ќе го поднесете барањето за работничка карта. Издавањето на работничката карта зависи од приложување на потврдна одлука од органот за признавање.

8. документ што одговара на извод од казнена (кривична) евиденција, издаден од соодветен суд на земјата чиј државјанин сте, како и од државите во кои во последните 3 години, сте престојувале во период подолг од 6 месеци, или потпишана изјава во случај кога државата не издава таков документ (не се бара од странци помлади од 15 години): Документот мора да биде соодветно легализиран и преведен од страна на судски преведувач на чешки јазик.

9. доколку се побара – медицински извештај во кој се потврдува дека странскиот државјанин нема некое сериозно заболување. Медицинскиот извештај, доколку се побара, мора да биде преведен на чешки јазик.

10. Здравствено осигурување – ќе ви биде побарано да доставите здравствено осигурување кога ќе ја подигнувате визата. Видот и времетраењето на осигурувањето ќе биде определено во известувањето дека визата е одобрена. Детални информации за здравственото осигурување се наоѓаат на страницата на Министерството за внатрешни работи, како и на страницата на Осигурителната компанија VZP a.s. (Од 2 август 2021 година, Законот за престој на странци определува обврска на странските државјани кои влегуваат на територијата на РЧ и кои ќе престојуваат таму повеќе од 90 дена да склучат здравствено осигурување во рамки на комплексната здравствена заштита во рамки од 90 дена од влезот на територијата на Република Чешка. За период од пет години од денот кога промената на законот во врска со престојот на странци ќе стапи на сила (т.е. од 2 август 2021 година до 2 август 2026 година), здравственото патничко осигурување во рамки на комплексната здравствена заштита како што се бара со Законот за престој на странци може да се набави исклучиво од Осигурителната компанија VZP a.s.

Време на обработка

Рокот за донесување одлука за барањето за работничка карта е 60 дена; или 90 дена во особено сложени случаи или доколку Одделот за азил и миграциска политика на Министерството за внатрешни работи побарало од Агенцијата за вработување на РЧ – подрачна канцеларија или подрачната канцеларија за главниот град Прага – да издаде задолжителна изјава за мислење.

Повеќе информации ќе најдете на страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка.


Општи информации:

За кое вработување е наменета работничката карта?

Со оглед на стручните квалификации, работничката карта е наменета за сите видови вработување без разлика на нивото на потребни стручни квалификации.

Слободното работно место за кое се поднесува работничката карта мора да биде од централниот регистар на слободни работни места што може да го поднесат носители на работнички карти. Доколку работодавецот се согласува, овие слободни работни места може да бидат објавени на интернетскиот интегриран портал на Министерството за труд и социјална политика, каде може да се најдат.

Оттаму, работничката карта секогаш се однесува на специфичното работно место (може истовремено да има повеќе работни места) за која е издадена или, ако е применливо, за работа за која Одделот за азил и миграциска политика на Министерството за внатрешни работи дало дозвола во врска со промена на работодавецот или работата.

 

Дуална и недуална природа на работничката карта

Работничката карта има дуална природа во смисла дека му дава дозвола на странскиот државјанин и да престојува на Република Чешка и да биде вработен, без да има потреба да поднесува барања на две места, т.е. дополнително да се пријавува во Агенцијата за вработување на РЧ – регионална канцеларија или канцеларијата за главниот град Прага – за дозвола за вработување.

Работничката карта исто така постои и во вид на недуален документ, а во овој случај се работи само за дозвола за престој и се однесува на странски државјанин кој има обврска според Законот за вработување бр. 435/2004 Зб. да добие дозвола за вработување или кој има слободен пристап до пазарот за труд согласно Законот за вработување (т.е. тој/таа спаѓа под дефиницијата во член 98 од Законот за вработување). Повеќе информации за овие случаи ќе најдете во одделот со назив Специјални случаи / Недуална форма на работничка карта.

Attachments

Zadost_o_zamestnaneckou_kartu_CJ__AJ_1 481 KB PDF (Adobe Acrobat document) 27.6.2014