македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Закажување термин за работничкa картa

За да закажете термин, ве молиме испратете имејл на:  skopje.visa@mzv.gov.cz

Термините се закажуваат на 5-тиот ден од секој непарен месец само во 9.00 часот, затоа што работничките карти спаѓаат во квотата одредена од Одредбата на Владата на Република Чешка бр. 220/2019 Зб. согласно измените од Одлуката бр. 233/2021 Зб.

Само првите 17 имејлови се земаат предвид за исполнување на квотата. Заради тоа, барателот мора да го испрати имејлот во точно определеното време и датум за да има можност да влезе во определената квота. Имејлите што се испратени пред датумот и времето не се прифаќаат/не се доделува термин. Редоследот на примените имејлови се обработува од имејл клиентот. Амбасадата нема пристап до определувањето на редоследот на приените имејли. Не е дозволено да се прават групни термини. Имејлите за закажување што имаат активирана функционалност од испраќачот да не може да се испрати одговор од имејл адресата до која се доставуваат ќе бидат исклучени од процесот за закажување.

Секој барател може да испрати само 1 имејл. Ако барателот испрати повеќе од еден имејл во рамки на дадениот рок, истиот ќе биде автоматски исклучен од овој рок, дури и имејлите да бидат испратени од повеќе од една имејл адреса. Известувањето за исклучување ќе биде испратено само на првиот детектиран дуплицитен имејл на барателот. Ако се утврди дека барателот веќе поднесол барање за долготрајна виза/траен престој во претходните месеци и ова барање е уште во тек на решавање, неговиот/нејзиниот имејл исто така ќе биде исклучен од понатамошна обработка и ќе се смета за неважечки.

Можноста да се закажат термини ќе се затвори по пополнувањето на квотата и следната можност да се закажат термини ќе се овозможи на 5-тиот ден од следниот непарен месец.

(На пример: 5.1.2024, 5.3.2024, 5.5.2024, 5.7.2024, 5.9.2024, 5.11.2024)

 

Во полето за предмет на имејл пораката ве молиме напишете: Вашето цело име и презиме - Employee Card (на пример: "Petar Petrovski – Employment Card“).

 

Во пораката, ве молиме напишете ги:

1/ целото име и презиме на барателот

2/ бројот на слободно работно место за вработување (што ќе го добиете од вашиот работодавец во Република Чешка)

3/ информации за контакт (имејл, телефон, адреса на живеење на барателот)