Работно време и државни празници
Конзуларно Одделение на Амбасада на Република Чешка во Скопје
Адреса:
Периша Савелиќ 3, 1000 Скопје
Контакт телефони: |
00389-2-3081200, 00389-2-3081102 (локал 22 или 23) |
Факс: |
00389/2/3081100 |
E-mail: |
Skopje.Visa@mzv.gov.cz (само за закажување термини за визи) Skopje.Consulate@mzv.gov.cz |
Примање на барањата за виза:
|
вторник, четврток: 09:00 - 16:00 поднесување на барања за шенгенски визи (до 90 дена) понеделник, среда: 09:00 - 16:00 поднесување на барања за долготрајни визи и престој (над 90 дена) петок: 9:00 – 14:00 – агенда за чешки државјани и матични документи |
Термини за виза:
|
Барателите кои ќе сакаат да поднесат барање за краткотрајна шенгенска виза, долготрајна виза и долготрајна дозвола за престој во Република Чешка преку Амбасадата на Република Чешка во Скопје мораат однапред да закажат термин за поднесување на барање преку имејл адресата skopje.visa@mzv.gov.cz. Оваа адреса служи само за закажување термини! За стандардни прашања од конзуларен карактер ве молиме да ја користите адресата skopje.consulate@mzv.gov.cz Благодариме на разбирањето Информации по телефон: понеделник – четврток од 13:00 до 15:00 часот. |
Амбасадите на Република Чешка во странство ги слават чешките државни празници. Во овие денови не работи и Конзуларното одделение.
За полесна ориентација, се работи за следните датуми:
Чешки државни празници (неработни денови):
- 01.01. Ден на возобновувањето на самостојната чешка држава
- 08.05. Ден на победата (1945)
- 05.07. Ден на словенските просветители Кирил и Методиј
- 06.07. Ден на запалувањето на мајстор Јан Хус
- 28.09. Ден на чешката државност
- 28.10. Ден на основањето на самостојаната држава Чехословачка (1918)
- 17.11. Ден на борбата за слобода и демократија
Други празници (неработни денови):
- 01.01. Нова година
- Велигден - подвижен празник (се слават Велики Петок и Втор ден Велигден)
- 01.05. Празник на трудот
- 24.12. Бадник
- 25.12. Божиќ
- 26.12. Втор ден Божиќ