Долготрајни студентски визи

Кога аплицирате за долготрајна виза заради студирање, следете ги следните чекори

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

 

Барањето се поднесува исклучиво лично.

  • - Сите потпорни документи што се поднесуваат мораат да бидат во оригинал или заверени копии од чешки нотар.
  • - Напоменуваме дека се поднесуваат два комплета на закажаниот термин – едниот комплет се оригиналните документи, а вториот се фотокопии од сите документи, а од страниците со податоците и адресата на пасошот направете две копии.
  • - Сите документи не смеат да бидат постари од 180 дена со исклучок на пасошот, матични документи, дипломи и слични документи, како и фотографијата (која мора да го прикажува сегашниот изглед на барателот).
  • - Странските јавни исправи мораат да се легализирани (доколку се бара), т.е. да имаат Апостил печат или суперлегализација.
  • - Сите документи мораат да бидат поднесени на чешки јазик (со исклучок на изводот од банка и банкарската платежна картичка, кои можат да се приложат во оригинал на англиски јазик – доколку оригиналниот документ не е на англиски, истиот мора да биде преведен на чешки јазик кај судски преведувач).

 

Некомплетни барања се неприфаливи (согласно член 169h од Законот за престој на странци).

 

ВРЕМЕ НА ОБРАБОТКА: до 60 дена

Сите долготрајни визи се обработуваат и одлучуваат од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка и Амбасадата ја издава визата врз основа на одлуката на МВР и не може да влијае ниту да коментира во врска со времето на обработка или донесувањето на одлуката.

ВИЗНА ТАКСА: Визната такса е 103 евра за овој месец за долготрајна виза заради студирање. Таксата се плаќа во готово во евра при поднесувањето на барањето.

Визната такса се менува на месечно ниво заради тековната курсна листа.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Целосно пополнет формулар – целосно пополнет формулар пред доаѓање во Амбасадата со пенкало или испечатено. Залепете фотографија на соодветното место во горниот десен агол на првата страна на формуларот. Ве молиме не заборавајте да го потпишете формуларот во делот „Applicant´s Signature” на страна 5 и на истата страна наведете ја вашата домашна адреса, телефонскиот број и имејл адресата за комуникација со вас – формуларот може да се симне од веб страницата: Tiskopis_zadosti_o_vizum_k_pobytu_nad_90_dnu-dlouhodobe_vizum_-_CZE-ENG.pdf 

- кодот што се наведува во формуларот треба да одговара на списокот: Country codes - Ministerstvo vnitra České republiky (mvcr.cz) поточно за Република Северна Македонија (MKD), за Република Косово (XXK)

2. Две фотографии –две фотографии се приложуваат кон барањето (дополнително залепете една на формуларот)– димензии 3,5 на 4,5 см – на бела позадина, каде се гледа целото лице во полн анфас.

3. Пасош – пасошот не се задржува за време на обработката на долготрајната виза, но потребно е да се приложи во време на издавање на визата, бидејќи истата се издава на пасошот.

4. Документ што ја потврдува целта на престојот – потврда за студии – оригинал или копија (заверена од чешки нотар) на документ што потврдува прием во студиска програма во Република Чешка издаден од чешки универзитет или високообразовна установа на чешки јазик.

5. Документ за сместување – оригинал од документот за сместување издаден од чешки универзитет што потврдува сместување во студентски дом на универзитетот во времетраење на студиите – документот мора да е издаден на чешки јазик.

  • Доколку користите приватно сместување, оригинална изјава од сопственикот на станот/куќата што ја потврдува неговата/нејзината можност и волја да обезбеди сместување (потписот мора да е заверен кај чешки нотар);
  • Ако изнајмувате стан/куќа, оригинал или копија заверена на нотар на договорот за наем/закуп потпишан од двете страни (потписите не мораат да бидат заверени на нотар);
  • Ако станот/куќата го изнајмува лице што не е сопственик, потребно е да се приложи и оригинал или нотарски заверена копија на договорот за наем/закуп и потпишана изјава од сопственикот дека се согласува со преизнајмувањето (потписот мора да е заверен на чешки нотар).

6. Документ што потврдува дека имате доволно финансиски средства – кога поднесувате барање за долготрајна студентска виза, ви треба доказ дека имате доволно финансиски средства за вашиот престој во Република Чешка. Доказите за финансирање на вашиот престој може да се приложат на еден од следните начини:

  • - копија од дебитна платежна картичка на ваше име со важност која ќе го покрива времетраењето на вашиот престој во Република Чешка и оригинални изводи од банкарска тековна сметка за последните три месеци поврзани со картичката (или оригинално писмо од банката издадено на англиски јазик со печат и потпис). Доколку приложувате изводи од интернет банкарство, потребно е истиот да биде заверен со печат од банката. Имате право да го покриете бројот на картичката пред да ја копирате, но не го покривајте името и важноста. Доволна е копија од првата страна на картичката;
  • - писмо од спонзор што потврдува дека финансиски го поддржува барателот за време на неговиот/нејзиниот престој во Република Чешка. Мора да биде оригинален документ со потпис заверен на нотар заедно со судски превод на чешки јазик. На пример: Писмо од родител во кое се потврдува финансиската ситуација на студентот со заверен потпис на нотар и судски превод на чешки јазик. Ваквото писмо мора да биде придружено со извод од сметка на родителот (оригинален или извод од интернет банкарство заверен од банката на англиски јазик). Студентот мора да докаже дека е овластен да ги користи средствата за време на неговиот престој во Република Чешка, на пример преку приложување на банкарска картичка поврзана со сметката на родителот.
  • - стипендија: Студент што прима стипендија или грант мора да приложи потврда за стипендијата или грантот.

 

Колку пари треба да имате на банкарската сметка?

За долготрајна виза (освен визи заради претприемништво) странскиот државјанин има обврска да докаже дека има достапни средства што се 15 пати од износот на животниот минимум (во согласност со Владината Одлука бр. 75/2022 Зб. од 1 јули 2022 година минимумот е еднаков на 3 310 чешки круни) за првиот месец и двојно од сумата на животниот минимум за секој последователен месец, на пример, за престој од 1 јануари до 30 јуни пресметката е (15* 3 310) + (5* 2 * 3,310) = 46 950 + 33 100 = 80 050 чешки круни (околу 3 200 евра).

Странец помлад од 18 години докажува дека има половина од наведената сума.

7. Извод од кривична (казнена) евиденција од овластен суд на Република Северна Македонија или Република Косово и извод од кривична (казнена) евиденција од земјата каде сте престојувале подолго од 6 месеци во текот на последните 3 години или изјава во случај земјата да не издава таков документ.

Документот мора да е соодветно заверен (ако е применливо: со Апостил или суперлегализација) и да е судски преведен на чешки јазик.

8. Здравствено осигурување – ќе ви биде побарано да доставите здравствено осигурување кога ќе ја подигнувате визата. Видот и времетраењето на осигурувањето ќе биде определено во известувањето дека визата е одобрена. Детални информации за здравственото осигурување се наоѓаат на страницата на Министерството за внатрешни работи.

 

Откако ќе ги подготвите сите документи, ве молиме испратете имејл на адресата skopje.visa@mzv.gov.cz за да ви закажеме термин.

 

Во полето за предмет на имејлот наведете го: Вашето цело име и презиме - Long-term Student Visa (на пример: “Petar Petrovski – Long-term Student Visa”).

 

Во пораката, ве молиме наведете:

1/ цело име и презиме на барателот

2/ информации за контакт (имејл, телефонски број, адреса на престој на барателот)

3/ името на Универзитетот или Факултетот и датумите на планираниот престој

 

Ве известуваме дека комуникацијата со Амбасадата се врши на чешки или англиски јазик. Комуникацијата на еден од овие два јазика ќе има предност во одговорите.

Attachments

zov_EN 526 KB PDF (Adobe Acrobat document) 31.8.2010