Краткотрајни шенгенски визи (до 90 дена) заради вработување

За државјани на Република Северна Македонија важи правилото на патување во Шенген зоната без потреба од виза доколку се работи за патување што вклучува: туризам, посета на роднини и пријатели, студиски престои, бизнис и други недоходовни патувања што не надминува 90 дена во период од 180 дена.

Доколку планирате да работите во рок од 90 дена во рок од 180 дена, за овој престој имате потреба од краткотрајна шенгенска виза заради вработување.
Ве известуваме дека престојот заради вработување во Шенген зоната е рамноправен со престојот без потреба од виза заради горе-наведените цели и дека по истекот на 90 дена од краткотрајната шенгенска виза заради вработување важи правилото дека немате право на посета на земјите од Шенген зоната во следните 90 дена до истекот на 180-дневниот период.

Доколку веќе сте престојувале во една од земјите-членки на Шенген зоната, потребно е да го намалите бројот на денови во кои може да престојувате во Република Чешка заради вработување.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОДНЕСЕНИ ВО ОРИГИНАЛ И ФОТОКОПИЈА И НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ПОСТАРИ ОД 180 ДЕНА (освен патната исправа)

Задолжително е лично присуство на апликантите.

 

  • - Комплетно и читко пополнет формулар што може да се симне тука. Формуларот се пополнува на чешки или англиски јазик и треба да биде пополнет пред доаѓањето за аплицирање. Немањето формулар или некомплетно пополнети формулари не се земаат предвид и повлекуваат автоматско поништување на терминот.
  • - Патна исправа  со најмалку две празни страници која важи минимум 90 дена по истекот на визата. Државјаните на други земји со постојан престој во Република Македонија треба да приложат и фотокопија од дозволениот престој во Република Македонија (на пр. лична карта за странци - копирана од двете страни). Престојот мора да важи минимум 90 дена по истекот на визата. (оригинал + копија)
  • - Копии од поранешни визи (ако има).
  • - Фотографија во боја во величина 3,5 на 4,5 см на бела позадина, биометриска, не постара од шест месеци, која е во согласност со ICAO спецификациите (https://ec.europa.eu/home-affairs/sites/homeaffairs/files/what-we-do/policies/borders-and-visas/visa-policy/docs/icao_photograph_guidelines_en.pdf)
  • - Патничко здравствено осигурување патничкото осигурување треба да го покрива целиот период на престојот и да има минимална премија од 30,000 € и да е издадено без франшиза (заедничко учество во трошоците) [1]
  • - Визата за граѓаните на Република Северна Македонија чини 35 € во готово (се плаќа во евра при поднесувањето на барањето)  (за државјани на други земји, важат цените од официјалниот ценовник на Министерството за надворешни работи на Република Чешка: https://www.mzv.cz/jnp/en/information_for_aliens/visa_fee_schedule/index.html)
  • - Дозвола за работа од Биро за вработување на Република Чешка (Úřad práce ČR)
  • - Договор за работа – Pracovní smlouva/ Dohoda o pracovní činnosti (оригинал или копија заверена на нотар) (или барем преддоговор (smlouva o smlouvě budoucí) во кој странките се задолжуваат во определениот период да склучат договор за работа или договор за работна активност. Договор за извршување на работа (Dohoda o provedení práce) не може да се прифати како документ за издавање на работничка карта). Овие документи мораат да содржат одредби од кои произлевгува дека без оглед на опсегот на работа нема да договараат месечна плата пониска од основната вредност на месечната минимална плата во Република Чешка, и неделното работно време ќе биде најмалку 15 часа. Договорот за работа мора да биде потпишан од двете страни и мора да содржи печат на работодавецот.
  • - Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со заверен потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар). Договорот за изнајмен стан/куќа мора да биде потпишан од двете страни  или да се приложи Документ за обезбедување на сместување на територија на Република Чешка.
  • - Извод од катастар од Р. Чешка.

 

За закажување термини ви препорачуваме барањето за термин да го испратите барем 30 дена пред датумот на планираното вработување, за да добиете навремен термин на имејл адресата: skopje.visa@mzv.gov.cz

Барањата за термин испратени на имејл адресите: skopje@embassy.mzv.cz или consulate_skopje@mzv.cz нема да бидат земени предвид и на нив нема да се одговара.

Во полето за предмет, сите баратели мораат да напишат: Име и презиме на апликантот -  appointment request (на пр. PETAR PETROVSKI- appointment request)  

 

Барањето за термин по имејл мора да ги содржи следните задолжителни податоци (испратените имејли без задолжителните податоци ќе бидат откажани и нема да се испратат на дополнителна обработка и на нив нема да се реагира):

- Име и презиме на барателот

- Видот на виза кој се бара

- Информации за конакт (имејл, телефон)

- Број на пасош

- Скен на страницата со податоците и фотографијата на пасошот (само во формат: PDF, DOC, JPEG, и JPG) 

Без наведените податоци, вашиот имејл нема се процесира и нема да се закаже термин!

Барателите со важечки термин за шенгенска виза ќе можат да поднесат барање лично на закажаниот датум и време во Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Кога ќе добиете потврда по имејл за вашиот термин, испечатете ја и земете ја со себе.

Препорачуваме барањата за термин да ги поднесувате во моментот кога ќе ги имате сите потребни документи за аплицирањето, за истото да може да се процесуира на време. Ви благодариме за разбирањето.

 

Забелешка:
Амбасадата на Република Чешка во Скопје не соработува со туристички агенции или посредници при поднесување на барања за виза.

Комуникацијата со Амбасадата се врши на чешки или англиски јазик. Во случај на доставени имејли на други од наведените јазици може да предизвика одолжен одговор.  

 

Attachments

angličtina 58 KB DOCX (FILE_TYPE_DOCX) 22.1.2020