Услови за патување
23.08.2021 / 13:47 | Aktualizováno: 26.04.2022 / 12:15
1. ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:
Влезот во Северна Македонија е овозможен исклучиво со приложување на сертификат за вакцинација (со минимално примена прва доза), потврда за прележан КОВИД-19 (максимално 180 дена) или ПЦР тест (со важност од максимално 72 часа) .
Со оглед на постојано променливата епидемиолошка ситуација, препорачуваме да ги проверите мерките во останатите земји преку кои ќе поминувате при патувањето од и до Република Чешка.
2. ПРЕВОЗ:
Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се отворени.
Јавниот превоз и такси услугите функционираат без ограничување.
3. МЕРКИ
Од 1.6.2021 година е укината обврската за носење заштитни маски на отворен простор. Останува обврската да се носат маски во затворени простории, во јавен превоз, во такси возила итн.
Од 12.4.2022 година е укината обврската за носење заштитни маски во затворен простор освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.
4. ЛИНКОВИ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ:
Следете ги мерките за карантин и хигиена што се применуваат на лицата што влегуваат на територијата на Северна Македонија на веб страницата: vlada.mk (на мaкедонски јазик)
5. ПАТУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
Заради актуелната ситуација за ширење на вирусот SARS-CoV-2 во Република Чешка и во останатите земји од светот, Министерството за здравство на Република Чешка од 9 април 2022 година ги укина сите епидемиолошки мерки за лицата што влегуваат на територија на Република Чешка откако престојувале во странство.
При влезот во Република Чешка од 9.4.2022 година нема потреба од пополнување на Формулар за пристигнување ниту да се покажува документ за вакцинација или прележан КОВИД. И понатаму препорачуваме да ги проверите условите за превоз (вклучувајќи и доставување на потврда за вакцинација или прележаност или тестови) директно кај превозникот (авион, автобус, воз).