Долготраен престој (РАБОТНИЧКА КАРТА)

РАБОТНИЧКА КАРТА

  1. Број на слободно работно место, што треба да се впише во соодветното поле во формуларот (бр. 3);

  2. Формулар целосно потполнет на чешки јазик (и фотокопија). Формуларот може да се добие тука. При поднесувањето на барањето потребно е да се донесе однапред пополнет формулар!

  3. Tри слики на бела позадина (биометриски 3,5 на 4,5 см);

  4. Патна исправа (и фотокопија). Патната исправа мора да биде со минимално траење од 1 година од датумот на апликацијата, патната исправа треба да има најмалку две празни страни (без печати);

  5. Договор за работа – Pracovní smlouva/ Dohoda o pracovní činnosti (оригинал или копија заверена на нотар) (или барем пред-договор (smlouva o smlouvě budoucí) во кој странките се задолжуваат во определениот период да склучат договор за работа или договор за работна активност. Договор за извршување на работа (Dohoda o provedení práce) не може да се прифати како документ за издавање на работничка карта). Овие документи мораат да содржат одредби од кои произлевгува дека без оглед на опсегот на работа нема да договараат месечна плата пониска од основната вредност на месечната минимална плата во Република Чешка, и неделното работно време ќе биде најмалку 15 часа;

  6. Документ кој ја докажува стручната подготвеност која се бара за соодветната работна позиција – документ за образованието (диплома, документ кој докажува стручна квалификација ако се бара според правните прописи) преведен на чешки јазик и заверен на нотар;

  7. Договор за изнајмен стан/куќа од Р. Чешка со заверен потпис на лицето кое изнајмува (оригинал или копија заверена на нотар)

  8. Извод од катастар од Р. Чешка;

  9. Потврда за неосудуваност од надлежен суд во Република Северна Македонија со судски превод на чешки јазик и заверено на нотар;

  10. Сите документи треба да бидат поднесени во оригинал (или нотарски заверена копија) и фотокопии (незаверени кај  нотар)