
Мисија на чешки фирми од рударската и енергетската индустрија во Северна Македонија
24.04.2025 / 15:00 | Aktualizováno: 24.04.2025 / 15:11
На 22.4.2025 година се одржа чешко-македонски бизнис семинар, што го отворија заменик премиерот на Република Северна Македонија, г. Изет Меџити, амбасадорот на Република Чешка НЕ Јарослав Лудва и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини г-ѓа Сања Божиновска.
На семинарот учествуваа бројни чешки фирми од рударската и енергетската индустрија, раководството на друштвото Чешка рударска технологија и нивните бизнис партнери – ЕСМ, РЕК Битола и РЕК Осломеј. Состаноците меѓу трговските партнери од Чешка и Северна Македонија го потврдија високиот интерес за уште поинтензивна соработка во областа на рударската и енергетската индустрија. Чешката страна предложи следните презентации на чешка технологија во наведената област да се остварат во Чешка. Веруваме дека остварените средби ќе помогнат за уште поинтензивна и обострано поволна трговска соработка меѓу двете земји.