Предавање на мал локален проект во село Драгоманце
30.10.2015 / 15:13 | Aktualizováno: 30.10.2015 / 15:16
На 16 октомври 2015 година во домот за ученици при основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, официјално беше предаден малиот локален проект „Најдоброто за најмалите“ („The Best for the Smallest“), реализиран во соработка со невладината организација „Balkan Foundation for Sustainable Development“.
Градоначалникот на општина Старо Нагоричане Милован Стојковски и инспекторот за училишни установи при Министерството за образование и наука Цветанка Сјеклоќа за време на средбата со Амбасадорот Мирослав Рамеш изразија благодарност за чешката помош во висина од скоро 10 илјади евра, која по 1945 година ја овозможи првата реконструкција и промената на електричната инсталација, отпадокот, санитарните јазли, вратите и прозорците на дел од училишниот дом.