
ЧЕШКА ВЕЧЕР НА „МАКЕДОКС’’ ФЕСТИВАЛ НА КРЕАТИВНОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
25.08.2021 / 17:36 | Aktualizováno: 25.08.2021 / 17:38
На 23 август 2021 година, се одржа „Чешка вечер“ како дел од македонскиот фестивал на креативниот документарен филм „МакеДокс“. На фестивалот на документарниот филм „МакеДокс“ беше прикажан чешкиот филм „Ени“ од чешката режисерка Хелена Тшештикова која што е позната по тоа што со години ги набљудува обичните луѓе односно нејзините главни херои. Во овој случај заедно со нејзниот тим ја набљудувале судбината на главниот лик Ени во периодот од 1996 до 2012 година. Настанот беше поддржан од Амбасадата на Република Чешка во Скопје и Чешкиот центар во Софија.