Изложба „Чехословачка државност“ во Музејот на мекедонската борба за слобода
15.11.2018 / 13:06 | Aktualizováno: 15.11.2018 / 16:17
На 29 октомври 2018 година, официјално беше отворена изложбата "Чехословачка државност", како дел од прославата на 100-годишнината од основањето на Чехословачка. На настанот присуствуваа околу 60 Чеси и пријатели на Чешката Република.
Изложбата "Чехословачка државност 1918" ги сумира основните факти за околностите и текот на основањето на Чехословачка, ги претставува главните протагонисти - ТГМ, Е. Бенеш и М.Р. Штефаник и ја објаснува важната улога на чехословачките легии. Изложбата го приближува таканаречениот период на Првата република (1918-1938), економијата во тоа време, културата и надврешната политика. Последниот панел од изложбата „Што Чесите и Словаците му дадоа на светот“ претставува избор на најзначителните чешки откритија, личности или пак културни феномени.