Режисерот Јиржи Свобода ја презема „Светската награда за хуманизам“
10.02.2017 / 16:08 | Aktualizováno: 10.02.2017 / 16:14
На 18.1.2017 година познатиот чешки режисер, сценарист и педагог Јиржи Свобода во просториите на Македонската академија на науки и уметности во Охрид од страна на градоначалникот на градот Никола Бакрачески и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и претседателот на Охридската академија за хуманизам Јордан Плевнеш ја презема наградата „World Award of Humanism“ („Светската награда за хуманизам“). Меѓу досегашните лауреати на ова битно признание што се доделува уште од 2007 година, припаѓаат и добитниците на Нобеловата награда за литература Александар Солженицин и Херта Милер.
Според Амбасадорот Мирослав Рамеш кој во својот говор кратко го претстави делото на лауреатот и истакна дека Чешка и Македонија ги поврзуваат далечна историја, духовна, културна и јазична блискост и цивилизациски вредности, токму во сегашната сложена и бурна доба е битно да се споменат значењата на поимите хуманизам, вистина, идентитет, но и слобода и самостојност, зашто не секогаш овие поими се подразбирале.
Јиржи Свобода во својот настап исто така ги спомена и блиските луѓе и литературните дела што имаат одлучно влијание врз духовното формирање на неговата личност, предупреди дека длабоките мисли се заменети со „неконечните длабочини на интернетот“ и христијанскиот храм со „храмот на потрошувачката“ и изрази надеж дека иднината им припаѓа на луѓето што се верни на своето убедување и се поврза со наследството на хеленската култура, ренесансата и просветителството.