Предадени наградите од изложбата Лидице 2016 во Битола и Скопје
19.10.2016 / 13:21 | Aktualizováno: 19.10.2016 / 13:24
На 6 октомври 2016 година Амбасадорот Мирослав Рамеш на ученичките на гимназијата во Битола Ангела Каранфилова и Илина Горгиевска им ги додели високите награди – дипломи од организаторите на XLIV издание на меѓународната детска ликовна изложба Лидице 2016.
Предавањето на наградите што се одвиваше во просториите на Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј, беше дел од прославата на 35-годишнината од отворањето на ликовната школа Мал битолски Монмартр.
Со голем интерес од локалните медиуми на доделувањето учествуваa ученици од ликовното студио, нивните родители и други повикани гости.
На 7 октомври 2016 година Амбасадорот Мирослав Рамеш ја предаде истата награда и во гимназијата Никола Карев во Скопје на ученичката Илина Стефанова.
Македонските ученици се меѓу традиционалните и често наградуваните ученици на изложбата Лидице, а од 136 доставени дела од македонските деца оваа година беа наградени 3.