
Чешки бендови на меѓународниот фестивал PIN International Music Conference and Showcase 2019
03.12.2019 / 13:32 | Aktualizováno: 03.12.2019 / 13:36
Во деновите 28-30 ноември 2019 година се одржа музичкиот фестивал „PIN International Music Conference and Showcase 2019”. Фестивалот беше поддржан од страна на амбасадата на Република Чешка во Скопје.
На свеченото отворање амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан одржа говор. Во рамки на фестивалот настапија два чешки бендови. Чешката пејачка Бара Змекова со нејзниот бенд го отворија фестивалот на 28.11.2019. Бара Змекова е композитор и мулти-инструменталист кој се движи помеѓу џезот, народната, класичната музика и нежната електроника. Слушателите нејзините концерти ги нарекуваат “soul trip” или “поезија во музиката“ во што се убеди и публиката во Скопје. На 30 ноември 2019 имаше настап бендот Етте Енака, млад инди рок бенд од Јужна Моравија, Р. Чешка.