Амбасадорот Мирослав Томан се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа
17.08.2021 / 14:16 | Aktualizováno: 17.08.2021 / 14:17
На 30 јули 2021 година, амбасадорот Мирослав Томан присуствуваше на работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Средбата главно се фокусираше на планираното патување на чешкиот министер за земјоделство во Северна Македонија, како и развојот, соработката и споделувањето на искуствата на чешките и македонските компании во преработката на овошје и зеленчук, производство на млеко и млечни производи (особено производство на сирење) и земјоделски техники, производство на пиво и вино и многу повеќе.
Follow us on