
Photo: neznámý
Појадок на амбасадорите на Вишеградската група V4 со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија
23.09.2019 / 16:39 | Aktualizováno: 23.09.2019 / 16:41
На 18 септември 2019 амбасадорот Мирослав Томан беше домаќин на традиционалниот деловен појадок на амбасадорите на Вишеградската група V4 на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров.
Aмбасадорот Мирослав Томан ги запозна гостите со приоритетите на чешкото претседателство на Вишеградската група 4 V4 и, заедно со неговите колеги, изрази поддршка за Северна Македонија во нејзините напори за интеграција во Европската унија.