
Предавање донација од 45 возила шкода октавија
18.12.2017 / 11:26 | Aktualizováno: 18.12.2017 / 11:29
На ден 14.12.2017 во ареалот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во присуство на врвот на министерството и голем интерес на медиуми се одржа свечено предавање на 45 патнички автомобили Škoda Octavia 4x4, обезбедени благодарение на финансиска донација на владата на Република Чешка со цел зајакнување на заштитата на државните граници на Република Македонија.
Амбасадорот Мирослав Томан потсети, меѓу другото, дека подарокот е уште еден доказ дека Репулика Чешка е многу активна во борбата против мигрантската криза и дека не се концентрира само на својата територија, туку се обидува да ги спречи тешкотиите и проблемите низ цела Европа. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја истакна важноста од ангажирање на повеќе од 530 членови на полиција на Република Чешка во заштитата на македонско-грчката граница за безбедност на цела Европа, "вонредниот придонес" на Чешка во зајакнување на капацитетот посебно на граничната полиција, а особено што финансиската и материјално - техничка помош од страна на Република Чешка веќе надмина 2 милиони евра.