Предавање на малиот локален проект во скопската Општина Гази Баба
28.06.2017 / 13:09 | Aktualizováno: 28.06.2017 / 13:10
На ден 21.06.2017 амбасадорот Мирослав Рамеш во присуство на директорот на невладината организација "Балканска Фондација за одржлив развој" Влатко Андоновски на господин Блажо Митев, директор на средното училиште "Партенија Зографски"свечено му го предаде реконструираниот дел од интернатот.
Целта и резултатот за спроведување на малиот локален проект "Подобри услови за учениците со посебни потреби" во вредност од 200 илјади круни е подобрување на условите за живот како и условите за настава на учениците со оштетен слух.