македонски  english  česky 

понатамошно барање

Амбасадор

Ирена Гетцова

 


 Образование

1993 – 1999

Економски универзитет во Прага

 

Дипломирала меѓународни односи. Магистер по меѓународна политика, дипломатија и филозофија.

 

Магистерскиот труд е на тема: „Етничкиот и историскиот контекст на распадот на Југославија“

 

Професионално искуство - Министерство за надворешни работи на Република Чешка

Од 2026

Амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија

2024 – 2026

Директорка на Одделот за политичко планирање

2022 – 2024

Раководителка на одделение во Одделот за политичко планирање

2018 – 2022

Заменик-шеф на дипломатската мисија, Амбасада на Република Чешка во Унгарија

2016 – 2018

Секретарка на заменик-министерот за европски прашања

2014 – 2016

Раководителка на Одделението за надворешни односи на Европската Унија и делегат во Работната група за Западен Балкан (COWEB), Постојана мисија на Република Чешка при Европската Унија

2012 – 2014

Делегатка во Работната група за Западен Балкан (COWEB) и во Работната група за трансатлантски односи (COTRA), Постојана мисија на Република Чешка при Европската Унија

2010 – 2011

Раководителка на Одделението за Балкан, Оддел за Јужна и Југоисточна Европа

2005 – 2010

Заменик-шеф на дипломатската мисија, Амбасада на Република Чешка во Босна и Херцеговина

2003 – 2005

Референтка за Србија, Црна Гора и Косово, Оддел за Јужна и Југоисточна Европа

2001 – 2002

Референтка за кризен менаџмент, Сектор за безбедност

2001

Стапува во дипломатската служба на Министерството за надворешни работи на Република Чешка

 

Дополнително професионално искуство

2001 

Долгорочна набљудувачка на избори при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Косово и Србија

2000 – 2001

Референтка за кризен менаџмент, Министерство за одбрана

1999 – 2000

Референтка за меѓународна соработка во Асоцијацијата за трговија и транспорт и во SANANIM (организација за превенција и третман на зависности од дроги)

 

Брачна состојба:

мажена, мајка на две деца

Јазици:

англиски, француски и српски/хрватски јазик

Интереси:

планинарење, пливање, кинематографија и литература