
Photo: L.Pšenka
Потпишување на договор за имплементација на мал локален проект - музиката како алатка за социјални промени
20.04.2021 / 18:19 | Aktualizováno: 20.04.2021 / 18:21
На 15 април 2021 година амбасадорот Мирослав Томан и претседателката Алма Мустафовска Салимовска на Здружението за мултиетничко музичко образование „Ромско рок училиште“ („Roma Rock School“) потпиша договор за имплементација на мал локален проект. Во своите рамки, Република Чешка финансиски ќе го поддржи купувањето музички инструменти од чешкa провениенција и ќе финансира курсеви за музичко образование за социјално загрозените деца.