Почеток на твининг проект наменет за приспособување на македонската метрологија со европските норми
15.03.2017 / 13:05 | Aktualizováno: 15.03.2017 / 13:06
На 8.3.2017 година Амбасадорот на Мирослав Рамеш во просториите на Бирото за метрологија во Скопје го отвори уводното заседание на твининг „лајт“ проектот „Зацврстување на капацитетите на Бирото за метрологија за внатрешна интеграција на пазарот“ што се финансира од ИПА II програмата на Европската унија.
Реализатор на проектот е Чешкиот институт за метрологија (ЧМИ) во висина од околу 250,000 евра чија цел е помагање на македонската страна за време на шест месеци во воедувањето на скоро 400 технички директиви на ЕУ и повеќе од 20,000 технички норми.
По презентацијата на проектот од страна на техничкиот директор и статутарниот застапник на ЧМИ, Јиржи Тесарж и проект менаџерот Јозеф Улехла во придружба од директорот на Бирото за метрологија Димитар Парнаџиев имаа можност да се запознаат со опремата на одредени подземни лаборатории на оваа институција.