Културни активности за време на чешкото претседателството со Советот на ЕУ
20.01.2023 / 11:56 | Aktualizováno: 20.01.2023 / 12:01
Република Чешка го презема претседателството со Советот на ЕУ на 1 јули 2022 а претседавањето траеше до крајот на годината 31 декември 2022. За време на претседателството со Советот на ЕУ, односно во текот на изминатите 6 месеци се одржаа настани инспирани по тој повод.
Почетокот на претседателството го одбележавме во месец јули 2022 со концерт на чешкиот виолинист господинот Томаш Тулачек, кој заедно со неговите колеги од Скопје во „Музејот на македонската борба“ подготвија концерт од чешки композитори
На 26 јули 2022 на реномираниот фестивал на класична музика „Охридско лето 2022“ чешкото дуо „Дуо ди Прага“ (Леош Цепицки и Иван Вокач) со нивниот концерт во „Св.Софија“ ја одбелажаа Традиционланата вечер на ЕУ. Чешкиот амбасадорот Н.Е. Јарослав Лудва заедно со ЕУ амбасадосор Н.Е. Дејвид Гир ги поздравија чешките музичари како и гостите кои беа дел од оваа вечер.
Во август 2022 на меѓународниот фестивал на документарен филм Македокс, Чешка беше „Земја во фокус„. Кратки и долгометражни документарни чешки филмови беа дел од програмата на фестивалот Македокс а фестивлаот се отвори со филмот „Рене“ од чешката режисерка Хелена Тшештикова, која што беше и лично присутна.
Во октомври по повод претседателството и националниот ден на Република Чешка, заедно со театар Комедија Скопје а со поддршка на Амбасадата на Република Чешка во Скопје се реализираше театарската претстава „Женска гардероба“ од чешкиот автор Арношт Голдфлам. Чешката претстава имаше огромен успех кај македонската публика, а тоа се потврди и со следните изведби на претставата.
Во декември Кинотека на Република Северна Македонија заедно со Амбасадата на Република Чешка во Скопје имаше реализација на „Ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер Јиржи Менцел“. Беа прикажани 10 филмови на Јиржи Менцел а Ретроспективата на филмови се отвори со оскаровскиот филм „Строго контролирани возови“.
Крајот на претседателтвото на Република Чешка со Советот на ЕУ го одбележа концертот во месец декември на чешкиот виолинист Томаш Тулачек и неговите колеги од Скопје во „Музејот на македонскта борба“ во Скопје каде што меѓу композициите од чешките музичари имавме можност да ги слушнеме и најпознатите чешки божиќни песни кои господинот Тулачек ги подготвил како специјално изненадување.