
Македонски уметници интерпретираа музика од Антонин Дворжак – концерт онлајн по повод Националниот ден на Република Чешка
30.10.2020 / 13:50 | Aktualizováno: 30.10.2020 / 13:54
Поради актуелната ситуација со пандемијата на КОВИД-19, амбасадата на Република Чешка во Скопје одлучи да го прослави Националниот ден на поинаков начин отколку вообичаено, почитувајќи ги здравствените протоколи. Резултатот беше онлајн концерт со музиката на чешкиот композитор Антонин Дворжак во изведба на македонски уметници.
Концертот беше емитуван на МРТ1 и на други локални ТВ станици и исто така беше прикажан и на дигиталниот билборд на плоштадот ,,Македонија“ во Скопје. Програмата на концертот можете да ја видите подолу а самиот концертот можете да го гледате на Youtube линкот тука