Прослави на 100-годишнината од основањето на Чехословачка
15.11.2018 / 12:50 | Aktualizováno: 15.11.2018 / 12:52
На 16 октомври 2018 година во просториите на Македонската филхармонија се одржа прием по повод 100-годишнината од основањето на Чехословачка, во заедничка организација на Амбасадата на Република Чешка и Амбасадата на Република Словачка во Скопје.
По воведниот заеднички говор на амбасадорите Мирослав Томан и Хенрик Маркус, следеше концерт на чешко-словачкиот дует, Петр Нузовски (виолончело) и Миријам Родригез Брул (гитара). Двајцата млади уметници, пред преполната сала, ги свиреа композициите на Силви Бодор, Морис Равел, Мануел де Фала и Радамес Гнатали.
На прославата присуствуваа околу 300 гости, меѓу кои и претседателот на Собранието на Република Македонија Т. Џефери, вицепремиерот и министер за внатрешни работи О. Спасовски, вицепремиерот и министер за европски прашања Б. Османи и министерот за надворешни работи Н. Димитров.