Отворање на изложбата „Минливост на време “ во градот Кавадарци
24.05.2017 / 11:17 | Aktualizováno: 24.05.2017 / 11:18
На ден 18.05.2017 во галеријата на културниот дом „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, заменик амбасадор Јосеф Брож свечено ја отвори другата патувачка изложба „Минливост на време“. На гостите истотака им се обрати директорот на Домот на културата Владимир Темков и кураторката на изложбата и еден од изложувачките автори, уметникот со чешко потекло Петра Јовановска. Составен дел на вечерната чешка култура беше и проекцијата на чешкиот филм со македонски превод "Кирил и Методиј - Словенските апостоли".