Изложбата отворена во основното училиште Ј.А.Коменски во Скопје
31.03.2017 / 17:37 | Aktualizováno: 31.03.2017 / 17:44
На 28.3.2017 година при 425-та годишнина од раѓањето на најбитниот чешки мислител и основоположникот на модерната педагогија Јан Амос Коменски, Амбасадорот Мирослав Рамеш во основното училиште Ј. А. Коменски во Скопје ја отвори изложбата на дела на македонските деца наградени во рамки на меѓународниот детски ликовен натпревар Лидице и делата на чешките учесници на македонскиот меѓународен детски ликовен натпревар „13 ноември“.
Амбасадорот се сретна со ученици од неколку одделенија и со раководството на училиштето разговараше за можноста на учење на чешкиот јазик со чешки лектор.