Предавања на Вацлав Неквапил на Филолошкиот факултет во Скопје
05.01.2017 / 13:24 | Aktualizováno: 05.01.2017 / 13:27
Од 12 до 13.12.2016 во библиотеката по славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа предавање на чешкиот новинар Вацлав Неквапил.
Авторот што пишува за неделникот „Седмичка“предавањето под наслов„Чесите и нивните соседи“го посвети меѓу другото и на постоечките стереотипи, а во рамки на предавањето „Познати личности и чешката не/култура“ претстави повеќе музички ѕвезди и ѕвездички кои се нашле на музичките награди „Český slavík“ („Чешки славеј“) и ја објасни нивната позиција во чешкото општество.
Блокот многу интересни предавања беше наменет пред сѐ за студентите од сите години додипломски студии по бохемистика, за кои беа одлична прилика за да ги продлабочат своите познавања од чешката културологија и чешкиот јазик.