Посета на чешкиот заменик премиер на Владата и министер за надворешни работи Петр Мацинка на Северна Македонија
27.08.2026 / 09:28 | Aktualizováno: 27.08.2026 / 09:40
На 19 и 20 август, чешкиот заменик премиер на Владата и министерот за надворешни работи Петр Мацинка ја посети Северна Македонија. За време на посетата оствари средби со претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Тимчо Муцунски. Тој беше и главен гостин на Конференцијата на амбасадорите на Северна Македонија.
Чешкиот заменик премиер на Владата и министер за надворешни работи, Петр Мацинка, донесе експерти за туризам и дигитализација во Северна Македонија. За време на посетата на чешкиот заменик премиер на Владата и министер за надворешни работи, Петр Мацинка, беа одржани два семинари, посветени на туризмот и дигитализацијата. Семинарот за дигитализација го отворија чешкиот заменик премиер на Владата и министер за надворешни работи, Петр Мацинка, и министерот за дигитална трансформација на Северна Македонија, Стефан Андоновски.
Посетата ги потврди многу добрите билатерални односи меѓу Чешката Република и Северна Македонија, а исто така ја потврди поддршката на Чешката Република за пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија. Истовремено, благодарение на семинарите, таа донесе нови можности за соработка во областа на туризмот и дигитализацијата.
Ексклузивното интервју за МРТ ТВ, Македонската национална телевизија, можете да го најдете тука.






