
Директните летови меѓу Република Чешка и Северна Македонија ќе ги олесни патувањата на бизисмените од двете земји
05.08.2025 / 15:22 | Aktualizováno: 08.08.2025 / 08:52
Од половината на декември оваа година ќе се воведе директен лет меѓу Прага и Скопје. Проектот на авионско поврзување на главните градови на Република Чешка и Северна Македонија е резултат на интензивната целогодишна работа на Амбасадата на Република Чешка во Скопје што значително ќе ги олесни директните контакти меѓу бизнисмените на двете земји и истовремено ќе ја поддржи трговијата и развојот на туризмот.
Патувањето на бизнисмените за состаноци од Прага до Скопје и назад досега се одвиваше со прекачување, што често беше неколкучасовно, и ги усложнуваше трговските односи на бизнисмените од Република Чешка и Северна Македонија. Затоа Амбасадата на Република Чешка во Скопје во соработка со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини С. Божиновска иницираше предлог за воведување директен лет меѓу двете земји. Овој проект беше дискутиран со повеќе министри и значајни претставници од државната и приватната сфера од двете земји. Амбасадорот Ј. Лудва разговараше за проектот меѓу другото и со заменик премиерот и министер за транспорт на Северна Македонија А. Николоски, со претставниците на МНР на Република Чешка и на Министерството за индустрија и трговија на Република Чешка и истовремено со генералните директори на Аеродромот Вацлав Хавел во Прага и Меѓународниот аеродром во Скопје.
Значаен импулс беше внесувањето на предлог проектот во програмата на Заедничкиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Република Чешка и Северна Македонија што се одржа во март оваа година во Министерството за индустрија и трговија на Република Чешка. Македонската делегација ја водеше министерката С. Божиновска. На заседанието на Заедничкиот комитет во Министерството за индустрија и трговија на Република Чешка изрази интерес за продлабочување на соработката и воведување на директна линија споменатиот вицепремиер и министер за трговија А. Николоски. Тој во Република Чешка разговараше со министерот за транспорт М. Купка за директниот лет и за понатамошната соработка во областа на транспортот. На главниот состанок на делегацијата му претходеше семинар за бизнисмени за поддршка на развојот на трговијата и туризмот, на кој учествуваа амбасадорот Ј. Лудва, генералните директори на аеродромот Вацлав Хавел во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, националниот координатор за туризам на Северна Македонија А. Махмут и членовите на одборот на Асоцијацијата на чешките туроператори и туристички агенции.
Директниот лет меѓу Прага и Скопје од 15 декември трипати неделно ќе го извршува авиокомпанијата Виз Ер. Планираното воведување на директен лет меѓу Прага и Скопје го поздравуваат бизнисмените од обете земји. Економскиот оддел на Амбасадата на Република Чешка во Скопје веќе доби позитивни реакции на пример од асоцијацијата на фирми Чешка асоцијација на рударска технологија и од туроператорот ЕКСПЕРИТОУР кој веќе подготвува патувања во Северна Македонија со користење на директните летови.
Квјетослав Сулек
економски дипломат
Амбасада на Република Чешка во Скопје