
Чешките пожарникари помагаат во гаснењето на шумските пожари во Северна Македонија
30.07.2025 / 14:36 | Aktualizováno: 31.07.2025 / 10:29
Чешката Република испрати противпожарен хеликоптер во Северна Македонија за да помогне во справувањето со големите шумски пожари. Летот беше организиран од страна на Противпожарната спасувачка служба на Чешката Република (HZS ČR), врз основа на барање од Владата на Северна Македонија. Барањето за помош беше поднесено преку Заедничкиот комуникациски и информативен систем за итни случаи – CECIS (Common Emergency Communication and Information System).
На 29 јули 2025 година, тим од чешки пожарникари полета од Мјелник кон Скопје со хеликоптер Black Hawk. Хеликоптерот е опремен со специјален „бамби резервоар“ со капацитет од 3410 литри вода. Овој бамби резервоар, кој се закачува на јаже под хеликоптерот, овозможува полнење вода за време на летот директно од површината на езеро или резервоар, што овозможува брзо и ефикасно гаснење од воздух без враќање на база.
Летот беше организиран од HZS ČR со поддршка на Амбасадата на Чешка во Скопје, како одговор на барањето на Владата на Северна Македонија преку системот CECIS. На бордот на хеликоптерот се наоѓа тројца припадници на HZS ČR и четиричлена екипа од пилоти и техничари. Од 30 јули, тимот активно учествува во гаснење на осум активни пожари на територијата на Северна Македонија. Во моментот, чешките пожарникари дејствуваат во реонот на Берово.
Противпожарната служба на Чешка ја прифати помошта и затоа што ризикот од пожари во нивната земја во моментов е релативно низок поради поволните временски услови. Наспроти тоа, ситуацијата во Северна Македонија е сериозна поради долготрајната суша.
За пристигнувањето на чешките пожарникари и нивната помош при гаснење на пожарите информираа јавните и приватните медиуми, меѓу кои МРТ, ТВ21, Алсат, веб-порталот Слободен Печат, како и Медиумската информативна агенција (МИА). Помошта од чешките пожарникари беше многу позитивно прифатена од јавноста и претставува значаен придонес за јакнење на угледот на Чешката Република во регионот.