
Photo: ZÚ SKOPJE
Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Одделот за архивско и канцелариско работење при Министерството за внатрешни работи на Чешката Република и Државниот архив на Северна Македонија
28.03.2025 / 15:41 | Aktualizováno: 28.03.2025 / 15:45
На 27 март 2025 година, Даниел Долежал, директор на Одделот за архивско и канцелариско работење при Министерството за внатрешни работи на Чешката Република, и Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив на Северна Македонија, го потпишаа Меморандумот за соработка.
Овој документ отвора можности за размена на професионално знаење, обуки за специјалисти, организирање на научно-истражувачки програми, размена на копии од архивски материјали и понатамошна соработка.