Делегација на Северна Македонија го посети Мешовитиот комитет за економска соработка во Прага
12.03.2025 / 15:36 | Aktualizováno: 12.03.2025 / 15:43
Во периодот од 9 до 11 март се оствари серија состаноци, екскурзии, работилници, презентации и други заеднички активности на претставници на чешките министерства и фирми со претставници на партнерски министерства и јавни претпријатија на Северна Македонија што го организираше или при што посредуваше чешкото Министерство за индустрија и трговија во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Скопје.
Интересот за продлабочување на соработката не само од областа на економијата, беше очигледен како од бројноста на делегацијата од Северна Макеоднија, која броеше 30 лица, така и од нивото на претставниците, затоа што во Чешка пристигнаа Заменик премиерот и Министер за транспорт г. Александар Николоски, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини г-ѓа Сања Божиновска, заменици министри и државни секретари на други ресори на Владата на Северна Македонија.
Во текот на посетата, се одржа и средба на Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија г-ѓа Елена Кузмановска Биондиќ со заменикот министер за надворешни работи на Чешка г. Јан Мариан.
За време на состаноците се дискутираше и за потенцијалниот директен лет Скопје – Прага, заради што се одржаа и директни средби меѓу раководствата на скопскиот аеродром, прашкиот аеродром и туристички агенции од Чешка.
Повеќе информации се достапни на: https://mpo.gov.cz/cz/rozcestnik/pro-media/tiskove-zpravy/sdileni-know-how-a-propojeni-firem--ceska-republika-posiluje-partnerstvi-se-severni-makedonii--286531/