
Амбасадорот Јарослав Лудва предаде инкубатор на породилното одделение во болницата во Куманово
12.11.2024 / 14:39 | Aktualizováno: 12.11.2024 / 14:45
Амбасадорот Јарослав Лудва на 11 ноември 2024 година оствари средба со министерот за здравство Арбен Таравари по повод предавањето на инкубаторите во породилното одделение во главната болница во градот Куманово. Амбасадорот го информираше министерот за малите локални проекти преку кои Амбасадата на Чешката Република во Скопје го поддржува развојот на различни области во Република Северна Македонија. Како дел од овие проекти беше спонзорирано и доставувањето на два инкубатори во породилното одделение во споменатата болница. На свеченото примопредавање на вториот инкубатор присуствуваа новинари и локална телевизија.