30-годишнина дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка и 25 години од членството на Чешка во НАТО
13.03.2024 / 15:06 | Aktualizováno: 14.03.2024 / 10:20
Амбасадорот Јарослав Лудва на 12 март 2024 година свечено ја отвори изложбата по повод 30-годишнината од дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка и изложбата по повод 25-годишнината од членството на Република Чешка во НАТО, во присуство на Министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик министерот за одбрана Тирон Јајага. Оваа можност беше искористена за да се потврдат многу добрите меѓусебни дипломатски односи како и односите во НАТО алијансата.