
Амбасадорот Јарослав Лудва го потпиша договорот за присуство на агенцијата Фронтекс во Северна Македонија
15.12.2022 / 13:30 | Aktualizováno: 15.12.2022 / 13:34
Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денеска заедно со еврокомесарката Илва Јохансон и македонскиот министер Оливер Спасовски официјално потпишаа договор за присуство на агенцијата Фронтекс во Северна Македонија.
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан пред 14 дена по одобрувањето од Советот на ЕУ изјави:
„ЕУ и Западен Балкан споделуваат заеднички миграциски предизвици и единствениот начин да се решат е да се дејствува заедно. Договорот со Северна Македонија е важен чекор во оваа блиска соработка. Тоа ќе му овозможи на Фронтекс да обезбеди конкретна поддршка директно на терен за корист на Северна Македонија и земјите од ЕУ“.