македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: mia.mk
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Амбасадорот Мирослав Томан изјави дека преговорите со Северна Македонија треба да започнат што е можно поскоро

Амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, во интервјуто за МИА изјави дека преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да започнат што е можно поскоро.

„Одлуката за почеток на преговорите веќе ја донесе Советот на ЕУ, и сега треба да постигнеме решение за усвојување на Преговарачката рамка, и ова е само прашање на време. Ова е позицијата на Чешка за ова прашање и се надевам дека ова е став на целата ЕУ дека Северна Македонија и Албанија треба да започнат преговори што е можно поскоро. Правиме се за да постигнеме решение за почеток на преговорите “, рече чешкиот амбасадор.

Посетите на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархели се уште еден доказ за огромните напори на политичарите од ЕУ.