
Photo: sobranie mk
Отворање на изложбата „30 години Вишеградска група“ во Собранието на Република Северна Македонија
25.06.2021 / 15:21 | Aktualizováno: 25.06.2021 / 15:34
На 24 јуни 2021 година, амбасадорот Мирослав Томан, заедно со другите амбасадори на В4 и претседателот на парламентот Талат Џафери, ја отворија изложбата „30 години од Вишеградска соработка“. Претседателот на парламентот на Северна Македонија им се заблагодари на амбасадорите за помошта во процесот на европската интеграција на Северна Македонија и за поддршката на улогата на националните парламенти. Изложбата беше организирана од Амбасадата на Полска по повод крајот на полското претседателство на групата В4.