![na_celou_sirku](/public/33/f4/2/4309761_2642463_rbbysbzroitpfarcf6gb.jpg)
Заедничка посета на министрите за надворешни работи на Чешка, Австрија и Словенија во Скопје
31.05.2021 / 16:47 | Aktualizováno: 31.05.2021 / 16:49
Во сабота, на 22 мај 2021 година, се одржа заедничка посета на министрите за надворешни работи на Чешка, Австрија и Словенија во Северна Македонија. Главната цел на посетата беше поддршка на евроинтегративните амбиции на Северна Македонија и Албанија, каде што министрите заминаа по посетата на Скопје. За време на нивната посета, министрите Јакуб Кулханек, Александер Шаленберг и Анже Логар успеаја да се сретнат со своите колеги министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.