Photo: Ministry of Economy RSM
Средба на амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан со министерот за економија Крешник Бектеши
05.03.2021 / 13:58 | Aktualizováno: 05.03.2021 / 14:01
На 26 февруари 2021 година амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан оствари средба со министерот за економија Крешник Бектеши. На средбата се разговараше за продолжување и продлабочување на успешната соработка помеѓу двете земји.
Меѓу Република Чешка и Северна Македонија трговската размена според статистичките податоци бележи раст а исто така големи се можностите за економска соработка. Амбасадорот и министерот се согласија дека заеднички ќе се работи на создавање бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка.