
Photo: MIA.MK
Република Чешка донираше заштитна медицинска опрема на Република Северна Македонија
22.01.2021 / 14:22 | Aktualizováno: 22.01.2021 / 14:31
На 20 јануари 2021 пристигна камион од Република Чешка во Скопје, кој донесе вкупно 108 000 заштитни маски, 18 000 респиратори FFP2/N95 и 5000 заштитни одела.
Покрај амбасадорот на Република Чешка, Н.Е. Мирослав Томан, на примопредавањето присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Ова е втора испорака на помош во борбата против пандемијата на коронавирусот, во април 2020 година Република Чешка испорача 1 милион заштитни маски.