
Photo: FB President Pendarovski
Амбасадорот Мирослав Томан заедно со други амбасадори на В4 се состана со претседателот Стево Пендаровски
15.12.2020 / 10:45 | Aktualizováno: 15.12.2020 / 10:48
На 9 декември 2020 година, амбасадорот Мирослав Томан и другите амбасадори на В4 (Вишеградската група) беа примени од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. За време на дискусијата, претседателот им изрази благодарност на земјите В4 за нивната поддршка на Северна Македонија во процесот на евроатлантската интеграција, како и во борбата против пандемијата со КОВИД-19.