Прием по повод државниот празник на Република Чешка
27.10.2016 / 16:15 | Aktualizováno: 30.11.2020 / 16:20
Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија Денот на основање на независната чехословачка држава 28. октомври 1918 се потсети на 18. октомври 2016 со свечен прием во галерискиот простор на НЛБ банка во центар на главниот град Скопје.
Освен низа други значајни македонски гости и претставници на дипломатскиот кор на приемот присуствуваше и Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, заменик претседател на влада за европски прашања Арбер Адеми и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Меѓу значајните гости присутни беа и познатиот режисер Јиржи Свобода, драматургот Марча Арихтева и продуцентот Виктор Криштоф, кои во рамките на истовремениот тековен меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“ ги претставиле своите филмови „Јан Хус“ и „ Кирил и Методиј - Словенски Апостоли“.
Амбасадорот Мирослав Рамеш во својот говор потсети на повеќе од илјадагодишна традиција на чешката државност, најзначајните личности на чешката историја, духовна, културна и јазична блискост на нашите народи и нивна долгогодишна историска врска. Истотака ја спомена повеќе од дваесетгодишната соработка на двете земји во многу области и наша поддршка за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.
Повеќе од 200 гости имаа прилика да ги вкусат и традиционалните чешки специјалитети и да ја разгледаат изложбата „Големите Чеси со мали очи“ и работата на македонските учесници на Меѓународната детска ликовна изложба Лидице.