
Амбасадорот Мирослав Томан се сретна со претседателот на полицискиот президиум на Република Чешка, Јан Швејдар и со директорот Сашо Тасевски, Делегација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи
24.07.2020 / 14:55 | Aktualizováno: 24.07.2020 / 14:59
На 23 јули 2020 година Амбасадорот Мирослав Томан имаше работна средба со претседателот на полицискиот президиум на Република Чешка, Јан Швејдар и со директорот Сашо Тасевски, Делегација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица”.
На работниот состанок беше изразена благодарност за поддршката на Северна Македонија од страна на Република Чешка, особено од чешкото Министерство за внатрешни работи и полицијата, како и за присуството на чешките полициски службеници на јужната граница, кои учествуваат во заеднички операции за зголемен надзор.