
Специјалната пратеничка за Западен Балкан, Јанина Хшебичкова во Скопје
12.03.2020 / 12:34 | Aktualizováno: 12.03.2020 / 13:24
Во периодот 16-18 февруари 2019 специјалната пратеничка за Западен Балкан Јанина Хшебичкова го посети Скопје. За време на посетата оствари средба со голем број на локални и меѓународни партнери меѓу кои и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, со претседателите на политичките партии СДСМ (Зоран Заев) и ВМРО-ДПМНЕ (Христијан Мицкоски), со претставници на Министерството за надворешни работи, со Канцеларијата на претседателот, советници на премиерот, со амбасадорите на ЕУ (Самуел Жбогар)и ОБСЕ (Клеменс Која) како и со претставници на невладини организации.