Посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа
23.12.2019 / 13:57 | Aktualizováno: 23.12.2019 / 14:00
На 20.12.2019 амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан ги посети децата во Дневниот центар за лица со церебрална парализа.
Дневниот центар за деца со церебрална парализа доби финансиска донација од средствата собрани за време на Дипломатскиот добротворен базар што се одржа на 1 јуни 2019 година. Амбасадорот Мирослав Томан како почесен претседател на Дипломатскиот добротворен базар заедно со другите учесници имаше можност да ја види употребата на средствата за реконструкција на Центарот и во исто време ја искористи оваа можност да им даде на децата новогодишни подароци.