
Photo: NA
Премиерот Зоран Заев во официјална посета на Република Чешка
20.12.2019 / 13:41 | Aktualizováno: 20.12.2019 / 13:50
На 17 декември 2019 година, чешкиот премиер Андреј Бабиш го пречека премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во вторникот беа во официјална посета на Република Чешка. Во Прага, Заев беше пречекан од неговиот чешки колега Андреј Бабиш, со кого оствари билатерална средба, по што следуваше заедничка прес-конференција на двајцата премиери. Меѓу чешката делегација беше и чешкиот амбасадорот на амбасадата на Република Чешка во Скопје, Н.Е. Мирослав Томан.