
Photo: NA
Амбасадорот Мирослав Томан на презентација на Фондот за Западен Балкан
27.11.2019 / 12:13 | Aktualizováno: 27.11.2019 / 12:24
На 20 ноември 2019 година, амбасадорот Мирослав Томан учествуваше на презентација на третиот повик за предлог проекти во рамките на Фондот за Западен Балкан.
Настанот се случи во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија на кој присуствуваше Ѓерѓ Мура извршниот директор на Фондот за Западен Балкан. Во својот говор, амбасадорот Томан потсети на улогата на V4 во креирањето на Фондот и како претставник на сегашното претседателство на V4 го потврди интересот на V4 да продолжи да го поддржува Фондот.