
Свечено предавање на возилата финансирани од донацијата на Република Чешка за македонските полицајци
12.11.2019 / 12:22 | Aktualizováno: 12.11.2019 / 12:26
На 4 ноември 2019 година со масовно учество на медиумите се случи официјалното предавање на десетте возила (Фиат Дукато) на Единицата за брзо распоредување на МК. Набавката на возила беше финансирана како дел од финансискиот придонес на Република Чешка од 2018 година.
Примопредавањето вклучуваше презентација на возилата, симулација на интервенција и говор за медиумите на министерот. Во својот говор, министерот истакна благодарност до Република Чешка и до Министерството за внатрешни работи за нивната поддршка и соработка, која што е уникатна и неопходна. Тоа е долгорочна поддршка и споделување на материјали и искуство и во иднина може да станува збор за форма на заедничка обука.
Заедничкото искуството на јужната граница на земјата, каде чешката единица е најголема од сите земји што придонесуваат, е исто така непроценливо за македонската полиција.