македонски  english  česky 

понатамошно барање
na_celou_sirku
Photo: neznámý
Article notification Print Decrease font size Increase font size Facebook logo

Официјална посета на премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш во Република Северна Македонија

На 10 и 11 јуни 2019 премиерот на  Република Чешка, Андреј Бабиш присуствуваше на официјална посета во Република Северна Македонија придружуван од државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Милослав Сташек, началникот на полиција, Јан Швејдар, директорката на Одделот за азил и миграција на Министерството за надворешни работи Павла Новотна и други членови на делегацијата.
 

Првата точката на програмата беше работниот појадок со министрите за економија на чело со вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за земјоделство Љупче Николовски.

Главната точка на програмата беше состанокот и разговорт со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Покрај премиерот Заев, вицепремиерите присуствуваа на преговорите од македонската страна Оливер Спасовски (министер за внатрешни работи), Бујар Османи (европски прашања) и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски. Чешкиот премиер исто така потоа присуствуваше на учтива средба со претседателот на Собрание, Талат Џафери.

Džaferi a AB

Džaferi a AB

Во следниот дел од програмата чешкиот премиер го посети граничниот премин Богородица и приемниот центар Винојуг. На крајот од својата посета чешкиот премиер се состана со чешките полицајци кои им помагаат на македонските колеги да ја чуваат јужната граница на Република Северна Македонија.

AB u kontingentu

AB u kontingentu